Помеѓу 17ти и 19ти јануари се оддржа состанок за подготовка за проектот “”Media: Key Tool of Social Media”-Медиуми: клучна алатка за социјални медиуми”.
Проектот е фокусиран на социјалните медиуми и неговата моќ, како може да влијае врз младите луѓе и како може да се користи за вклучување на луѓе од чувствителни и маргинилизирни групи и зајакнување на заедниците.
Двајца претставници од ВЦС ,Никола Станкоски и Лаура Бабаитите се во Анталија, Турција да се сретнат со партнери од Данска, Финска, Турција, Шведска и Грција.
Учесниците се состанаа за да дискутираат за планот на претстојните активности во Данска и Грција,за практичните работи како, сместување, важноста на изборот на учесници, бидејќи една од целите на овој проект е да ги развие вештините младите кои се заинтересирани за темата и може да го промовираат концептот за веб радио новинарство и раскажување приказни по завршувањето на проектот. Методите на работа, роковите за избор, комуникацијата помеѓу партнерите и стратегиите за дисеминација беа дискутирани како и поделбата на одговорностите на секој партнер.
Проектот е поддржан од програмата Еразмус + на Европската Комисија.