„Јас сум еден од среќниците што имаа можност да учествуваат на младинската размена: ‘I want my tears back’ во Бузау, Романија. Драго ми е што можам да кажам дека ова беше едно од најдобрите искуства што сум ги имал, и тоа поради повеќе причини.
Не е срамота да се признае дека ситуацијата во Македонија во однос на дискриминацијата не е најдобра: и од образовен аспект и од аспект на количината со која луѓето се соочуваат секојдневно. Токму затоа, моето неформално образование таму беше исклучително важно за мене, бидејќи сега сум поедуциран за темата и можам веднаш да препознаам дискриминација, односно како да се справам со неа.
Освен тоа, луѓето што ги запознав таму беа одлични – истомисленици кои дополнително ми помогнаа да ги проширам моите хоризонти за различност и дискриминација. Преку разните работилници и активности, ги научив сите аспекти на темата и сега можам самоуверено да кажам дека сум доволно едуциран и можам да преземам акција во мојата околина.
Севкупно, тоа беше неверојатно искуство, во кое мислам дека секој би уживал, и би ги охрабрил сите да се вклучат и да видат за што се работи!“
Проектот се одржа во Сарата Монтеору, Бузау, Романија од 22.10 до 1.11.2025 година. Целта на проектот беше да се зголеми свеста кај младите за проблемите создадени од дискриминација врз малцинствата.
Teкст: Јаков Геговски
Видео: Марија Стоименов
Проектен партнер: Asociatia ODEN
