На 15-ти Март, минатиот петок, одржавме настан во ЕУ за сексуално и репродуктивно здравје. Тоа беше последниот дел од проектот „Знаењето ги победува табуата“, пред да го затвориме истиот. ВЦС ги координираше активностите во средните училишта низ Скопје и одржуваше работилници во нивните простории за младите луѓе на оваа тема, а сега одржавме Округла Маса каде имаше дискусија помеѓу нашите гости од Министерството за образование, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, тренерите од работилниците и нашите координатори. Исто така склопен е и документ после сите дебатирања со локалните инвеститори, а сега споделуваме дел од моментите од оваа средба забележани од нашиот волонтер од Естонија, Мадис.