ВЦС, во 5те години на поседување на ЕВС акредитацијата, има испратено повеќе од домашни 70 волонтери, во земјите ширум Европа. Земјите, кои се најмногу отворени и расположени за прием на ЕВС волонтери од Македонија се земјите од опкружувањето, Бугарија и Словенија, средноевропски земји, Германија и Полска, и земјите од Балтикот, Естонија, Латвија и Литванија… Но, исто така, ние имаме испратено волонтери и во земји како Франција, Италија, Португалија, Норвешка, Романија, Чешката Република, Хрватска и многу други… До 2009 година и визната либерализација, еден од најголемите предизвици за нас беше добивањето на виза за престој за нашите волонтери, во земјите од ЕУ. Исто така, регионот на Југо-источна Европа, каде што и Македонија припаѓа, не беше толку многу добро познат и прифатен, од страна на другите европски краишта. Со визната либерализација и приближувањето на некои од земјите од Југо-источна Европа до ЕУ, ние имаме се повеќе и повеќе проекти во тие земји, кои се отворени за младите граѓани на Македонија. Гледајќи од друга страна, пак, во последните неколку години се случи отварање на младите луѓе од Македонија кон Европа, така да сега морам да забележам дека имаме се повече и повеќе самоиницијативни и заинтересирани млади личности, кои се запознаени со бенефитот од ЕВС програмата и посакуваат да бидат ЕВС волонтери ширум Европа, што е можно поскоро.