Здраво на сите,
Моето име е Квентин, но никој не може да го изговори правилно па веќе имам прекар – Кире. Доаѓам од мало место во северо-западна Франција, во близина на морето и дојдов тука во Скопје на една година за мојот ЕВС проект. Сакам да патувам, да танцувам, да слушам музика, да гледам филмови и ќе бидам многу среќен да ги споделам моите хобија со сите вас. Последните две години, работев привремено во прехранбената индустрија, а потоа решив да поминам една година во друга земја. Многу сум заинтересиран за откривање на нови народи, различни култури и да работам со волонтери од цела Европа. Овој ЕВС проект е можноста која ја барав, и се надевам дека ќе ми даде добро професионално искуство и ќе ми овозможи да се сретнам со многу интересни луѓе. Македонија е сосема непозната во Франција, но слушаме по некои работи во врска со Балканската култура, па затоа сметам дека е совршено за да се открие една нова земја и да научам повеќе за балканскиот начин на живот. Исто така, многу сум заинтересиран да работам за списанието ВОИСЕС и да им ја пружам мојата поддршка на децата во Шутка. Воедно ќе го споделам моето знаење и вештини со други луѓе за овие проекти.