Сонувач, луда по музика, сопственик на две кучиња, љубител на книги … Јас сум Паулина, 24-годишна девојка од Лублин, Полска. Завршив студии по новинарство и социјална комуникација. Уживам во волонтерската работа – во три години бев дел од студентска организација, каде што имав можност да работам на меѓународни проекти. Учествував и во проектите од “Еразмус +” програмата, од каде и добив мотивација да одам на ЕВС. Освен тоа, волонтирав и на фестивали од културата и на Европското фудбалско првенство во мојот град. Во слободно време сакам да гледам филмски маратони, да запознавам нови луѓе и да собирам разгледници. Уживам во откривањето на нови места додека слушам музика на слушалки. Јас сум ентузијаст на слики на Фрида Кало и Едвард Хупер.
Ја избрав Македонија, бидејќи тоа е место што не е толку популарно меѓу луѓето и на некој начин малку таинствено. Слушнав за неверојатната природа и гостопримливоста на луѓето. За време на проектот се надевам дека ќе ги подобрам моите вештини за пишување и ќе дознаам дали новинарството е нешто што би сакала да го продолжам откако ќе се вратам во Полска. Очекувам, исто така, да станам поактивен граѓанин и да им помагам на младите да се стремат кон повисоки цели.