Моето име е Патрик и имам 20 години.
Пристигнав во петокот вечер во Скопје и денес е мојот прв работен ден.
Јас сум од Германија и одлучив да направам ЕВС бидејќи минатата година патував во Австралија и посакав да го споделам моето искуство со останатите млади луѓе.
Затоа аплицирав за ЕВС во Македонија на ВОИСЕС списанието.
Со нетрпение ги очекувам новите познанства, новата култура и да имам добар престој во Скопје.