Здраво луѓе! Јас сум Фросина и пред една недела се вратив од едногодишно волонтирање во Сисак, Хрватска каде што бев EVS волонтер во „Агенција за локална демократија“, и мојата задача беше промовирање на волонтерството. Бидејќи се работи за период од една година не можам да кажам дека секогаш ми било убаво, сум се смеела, сум плачела, сум размислувала за животот, за мене, за иднината и сум сфатила дека со тоа искуство сега можам многу полесно да прифатам каков било предизвик и знам како да сум си на себе најдобар пријател, мајка, татко па дури и цепач на дрва. Со други зборови, станав сосема независна. Нормално нема да заборавам никогаш на сите интересни луѓе што ги запознав и со кои си поминав супер, како и искуствата кои ги стекнав и новите работи кои ги научив, а ги има бајаги. Би им препорачала на сите што сакаат да ја искористат оваа шанса, а тие што не сакаат нека им е убаво таму каде што се. Поздрав!