Ние бевме дел од македонската група волонтери на краток EVS во Бургас, Бугарија. Бевме ангажирани за организација и настапување на уличниот фестивал Carrousel on the Street во Поморје и Лозенец, што ни овозможи да го откриеме тој дел од бугарското крајбрежје, да ги запознаеме останатите волонтери од Македонија, Шпанија и Бугарија и да научиме и искусиме нешто ново. За време на тримесечниот престој волонтиравме и во Центар за слепи и слабовидни лица, а помагавме и околу отворањето на џез фестивал во Лозенец. Што може да ви понуди EVS? Сè што сте подготвени да земете. Најголемиот дел од едно EVS искуство зависи од личниот став и волјата да се зграпчат дадените можности.
Златица Петковска и Илија Трајковски од Скопје