EVS/ESC Opportunities waiting for YOU !!!

EVS/ESC Opportunities waiting for YOU !!!

ВЦС е во потрага по Македонци кои сакаат да волонтираат во:

-Краткорочен проект во Солидарниот Корпус на проектот: „Зајакнати од природата-природата како основа на самостојниот напредок, креативност и соработка“. На овој краткорочен проект волонтерите ќе работат со заштитени видови на птици во национален парк во Унгарија.

Место: Хортобаги, Унгарија

Позиции 2

Датум: 01-30 Септември 2019 година

Линк до повикот: Call Унгарија

Краен рок за аплицирање: 15 Август 2019 година


-Долгорочен проект во Солидарниот Корпус на проектот: „Моќта на волонтерите: Зборувај, делувај, промени!“ На овој долгорочен проект волонтерите ќе работат на полето на едукација за сексуалното и репродуктивно здравје и права (вклучувајќи ги ХИВ/СИДА, пол, планирање на семејство, полово-преносливи инфекции и сл.). Главната цел е да се поттикнат и охрабрат младите луѓе да бидат свесни и да говорат за нивните потреби и права.

Место: Софија, Бугарија

Позиции: 2

Датум: 1-во место: Август 2019-Јануари 2020 година/ 2-ро место: Фебруари-Јули 2020 година

Линк до повикот: Call Бугарија

Рок за пријавување: ВЕДНАШ!

 


-Долгорочен проект во Солидарниот Корпус: „Волонтерска Солидарност“. На овој проект волонтерите ќе работат во локалниот младински центар во рурална област во Португалија. Проектот е за неформално образование и интер-културна младинска едукација и поддршка на локалните активности.

Место: Агеда, Португалија

Позиции: 1-2

Датум: 01 Октомври 2019-31 Јули 2020 година

Линк до повикот: Call Португалија

Рок за пријавување: 1.8. 2019 година

 

Сите проекти се финансирани од ЕРАЗМУС+. Патните трошоци се покриени, храната и сместувањето ќе бидат обезбедени!

+++За опис на проектите и повеќе детали кликнете на соодветниот линк и прочитајте го инфопакот закачен за секоја објава!+++

!!! Пријавете се веднаш! Испратете мотивациско писмо и CV на: vcs_contact@yahoo.com !!!