You are currently viewing Повик за волонтер во Италија!

Повик за волонтер во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Roots of Change” во Италија.

Место: Паломбајо (Битонто), Италија
Датум: од средината на октомври 2025 година (6 месеци)

Повеќе за проектот:

Реген нуди уникатно волонтерско искуство на својата органска фарма, која моментално се трансформира во агрошумарски систем исполнет со овошни дрвја и зеленчукови градини. Волонтерите можат да учествуваат во широк спектар на активности, од практикување техники на агрошумарство и пермакултура до приклучување кон проекти за еко-градба „направи сам“, производство на биоѓубрива и поддршка на работилници во заедницата за еколошко образование. Исто така, постојат можности за придонес во комуникацијата и креирањето содржини, како што е управувањето со социјалните медиуми.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: PiGreco-SEMI di intercultura APS

Организација-домаќин: Associazione Regen ETS

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 07.09.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.