You are currently viewing Повик за волонтер во Литванија!

Повик за волонтер во Литванија!

Волонтерски Центар Скопје бара 1 волонтер (18–30 години) од Македонија за учество во долгорочниот ЕСК–проект “Volunteering opportunities” во Вилнус, Литванија.

Место: Вилнус, Литванија
Период: Jануари 2022 – Jануари 2023

!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со ,,Ковид-19”, како и ограничувањата што одредени земји ги имаат за влез на македонски државјани. !!

За проектот:
Младинскиот центар „Mes“ во Вилнус работи на отворен простор каде младите можат да дојдат и да се дружат со своите пријатели, да се напијат чај и едноставно да бидат во безбедна околина.

Целта на организацијата е да се сретне со младите и да ги запознае нивните потреби. Што ќе правиш ти? Организирај работилници, помогни во домашните обврски или при пишувањето проекти, готви со другите, советувај се на различни теми како на пример кариерата, гледај филмови, играј пинг-понг и сл.

За повеќе информации:  INFOPACK

Проектен партнер: MES

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по литвански јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?
1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за волонтерски проект “Volunteering opportunities”, Литванија)
3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:

  • Кој сте вие?
  • На која возраст сте?
  • Зошто сакате да учествувате?
  • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 16.01.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.