Почитувани волонтери, ве покануваме да учествувате во работилницата за дебатирање која ќе се одржи во четврток, на 14ти февруари во нашата канцеларија (ул. Емил Зола 3-2/3), со почеток во 17:30 часот.
Дојдете со свеж и отворен ум и бидете подготвени да ги користите и да ги подобрите вашите реторички вештини! Предвидено е да почнеме со неколку едноставни вежби за реторика и изградба на аргументи, а потоа ќе бидат презентирани три можни теми за дебата. Ќе изберете една од нив и ќе направиме структурира за дебата на таа тема (говорниците ќе имаат малку време да ги подготват своите случаи, а потоа ќе ги престават нивните аргументи, еден по еден).
Предложените теми (откако ќе се формулираат прецизни резолуции) ќе бидат околу видео-игри, пушењето и правата на жената. Ако имате било какви прашања слободно можете да не контактирате на: vcs_contact@yahoo.com Се гледаме во четврток!