„Најпрво исчисти во својот двор, па потоа гледај понатаму“, нели? Тоа беше нашата девиза попладнево кога си го поставивме прашањето: „Што не е во ред со нас?“? Пред нашите очи го гледаме нашиот дом – зошто сакаме да живееме вака?
Затоа се собравме со членовите на семејството на Волонтерски Центар Скопје, ја оставивме нашата работа за еден момент настрана и се посветивме на нешто што влијае на животот на сите. Собравме ѓубре во два контејнери, вкупно 20 кубни метри отпад плус неброеми корпи шишиња, конзерви и стакло што може да се рециклираат … и се што можете да замислите дека луѓето фрлаат на земја.
Акцијата остави мала тага во нашите срца, но и надеж; можеби оние што видоа колку се трудиме – ќе може да се прилагодат на нов начин на размислување и да не ја валкаат околината. Свеста ни е најниско ниво, но време е да ги придвижиме работите. Инертноста на општините и на институциите на власта не смеат да делуваат обесхрабрувачки.
Напротив, нашиот пример треба да го следат сите: млади, стари, леви, десни, вакви или онакви. Оти истиот воздух го дишeме сите. Истата природа ќе ни врати подеднакво без оглед кои сме. Потребно ни е повеќе акција, повеќе гласност и поголема видливост за да ги разбудиме луѓето и надлежните да престанат да ги игнорираат проблемите и да започнат да дејствуваат.
Овој дел од нашата заедница е подолго време запуштен. Стоиме на располагање доколку надлежните одлучат оваа средина да изгледа современо, модерно и урбано.
Ние соработуваме заедно со За Почиста Македонија