You are currently viewing Повик за волонтер во Унгарија!

Повик за волонтер во Унгарија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18 – 30 години) од Македонија за учество на краткорочниот (2 месеци) ЕСК проект “Volunteering in Nagyvázsony“ во Унгарија.

Место: Нагиважони, Унгарија
Датум: 2 месеци, почеток: час поскоро

За проектот:

Fekete Sereg е во потрага по волонтери кои би биле дел од нивната секојдневна работа во организацијата. Што можете да правите за време на проектот? Можностите се неограничени!

Може да работите во градинка или во музеј како помошник археолог, да припремате содржини за социјалните медиуми, да организирате активности и работилници за младите луѓе во младинскиот центар и многу друго.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ (2 месеци)

Партнер на проектот: Fekete Sereg Nagyvázsony

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да се пријавите?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 18.06.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.