You are currently viewing Повик за волонтери во Турција!

Повик за волонтери во Турција!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија, за учество на краткорочен (2 месеци) и долгорочен (10 мецеци) ЕСК–проект „Volunteering “Team” Project!“ во Анкара, Турција.

Место: Анкара, Турција
Датум: 15.9 – 13.11.2022/7.7.20233

За проектот:
Во овој проект учесниците ќе работат на различни теми:

  • Еколошки (со „Анкара Зелените“)
  • Онлајн дигитални активности (вебинари, блогови)
  • Вклучување (јазичен курс, спортски активности)
  • Дигитална трансформација (уредување на видео и веб-страници и основен дизајн)

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ 
Партнер на проектот:   System & Generation

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 14.8.2022 

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.