You are currently viewing Повик за волонтери во Турција!

Повик за волонтери во Турција!

Волонтерски Центар Скопје е во потрага по 2 волонтера од Македонија, на возраст од 18 – 30 години, за учество на ЕСК проектот „Join our Intergenerational Journey 2020“ во Турција.

Место: Анкара, Турција
Датум:
1. Долгорочен ESC (12 месеци) ноември 2020 година – ноември 2021 година
2. Краткорочен ESC (2 месеци) ноември 2020 година – јануари 2021 година

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

Проектот е за активности на Универзитетот, пишување текстови за месечно списание, конверзација и релевантни часови по англиски јазик јазик, Јутелеграф, работа со бегалци, работилници во Центар за лица со попреченост, грижа за животната средина, во канцелариска работа, часови по турски јазик.

За повеќе информации co ИНФО-ПАКЕТОТ: InfoPack_JOIJ 2020

Партнер на проектот:

Технички детали: System & Generation (Анкара)

Проектот е целосно финансиран од ЕРАЗМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Enviroment matters“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 21.10.2020

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.