You are currently viewing Повик за волонтери во Романија!

Повик за волонтери во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Summer Time Fun” во Романија.

Место: Извоареле, Романија
Датум: 15.05 – 30.06.2024 (7 недели)

За проектот:

Тим од 18 меѓународни волонтери ќе подготви 7-неделни забавни активности во село со кино претстави на отворено, работилници и игри во три младински центри (од кои едниот е подвижен) или други простори во околните места. Искусете го животот на село, романската култура и прекрасните пејзажи, како и живеењето и работењето во широка меѓународна група.

Ова е проект наменет за волонтерски тим, така што е отворен и за лица што претходно биле на долгорочен ЕВС/ЕСК проект.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: Curba de Cultură

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да се пријавите?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 14.04.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор