Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Inclusivity Unlocked 2” или “Volunteer for Help IV” во Романија.
Место: Крајова, Романија
Датум: Почеток: што е можно поскоро (6-10 месеци)
- Inclusivity Unlocked 2
Association Explorator е домаќин на проектот што се фокусира на креирање подкаст за вклучување и развој на содржина на социјалните медиуми поврзани со ЕСК. Бараме волонтери со вештини за видео и аудио продукција, уредување и управување со социјалните медиуми. Дополнително, добредојдени се оние кои се чувствуваат удобно да зборуваат пред камера за да придонесат за создавање на подкаст и видео содржина.
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
- Volunteer for Help IV
Организиран од Association ANDCTR, овој проект вклучува спроведување на сесии за неформално образование со ученици и организирање настани во заедницата во Крајова и околните области. Тоа е одлична можност за млади луѓе што се заинтересирани за едукација и координација на настани.
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Организација-домаќин: EXPLORATOR Association
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 211 евра, “green travel” 285 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 21.03.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.