Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Volunteering in kindergarten“ во Полска.
Место: Гдањск, Полска
Датум: март 2026 – декември 2026 (9 месеци)
За проектот:
Бараме ентузијастични волонтери да се приклучат на една од двете градинки во Гдањск.
Задачите на волонтерите ќе бидат:
– поддршка и помош во активностите, како и организирање на сопствените активности
– одговорности за здравјето и безбедноста
– помош со специјални проекти
– олеснување на учењето преку игра
Повеќе информации: Инфопакот
Проектен партнер: Regionalne Centrum Wolontariatu w Gdańsku
Технички детали::
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето, храната и џепарлак, како и часовите по полски јазик се обезбедени.
How to apply?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 1.02.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
