Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект “Volunteering in Lithuania” во Литванија.
Место: Вилнус, Литванија
Датум: Почеток: август/септември/октомври 2025 (12 месеци)
За проектот:
Проектот нуди волонтерски можности за неколку организации-домаќини – различни организации имаат различни одговорности и активности.
Повеќе информации:
Проектен партнер: Saltes (Литванија)
Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 12.06.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.