Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18 – 30 години) од Македонија за учество во два долгорочни ЕСК проекти “Change Support Volunteer” и “Binario Solidale” во Италија.
Место: Бреша или Калвизано, Италија
Датум: 28.04.2026 – 18.12.2026
За проектите:
1. Change Support Volunteer, Бреша, Италија (2 волонтери)
Овој проект се фокусира на промоција на волонтерството, комуникацијата и ангажирање во заедницата. Волонтерите ќе го поддржат тимот на ЦСВ Бреша (CSV Brescia) преку креирање содржини на социјалните медиуми, со учествуво на инфо штандови и промоција на активното граѓанство. Тие исто така ќе придонесат за Еразмус+ проектот „ВЕШТИНИ ВО АКЦИЈА“, (јули 2026 година) и ќе ја поддржат организацијата на Galà del Volontariato (5 декември 2026 година), настан во кој учествуваат локални невладини организации. Дополнителните задачи вклучуваат поддршка на Бирото за насоки на волонтери, водење работилници и учество во активности за подигање на свеста за Еразмус+ ЕУ и Агендата 2030.
Повеќе информации: INFOPACK
2. Binario Solidale, Calvisano, Province of Brescia (1 волонтер)
„Бинарио Солидале“(Binario Solidale) промовира социјална инклузија, одржливост и активно ангажирање во заедницата, во рурален контекст, со силен фокус на образовни и креативни активности за деца и млади. Волонтерите ќе поддржуваат активности во училишта, игри на отворено, креативни работилници и неформално учење, во рамките на организацијата и во локалните училишта. Тие исто така ќе придонесат во организирање на меѓукултурни иницијативи (како што се работилници, вечери на игри, вечери на филмови и собири во заедницата) и ќе поддржат комуникациски активности, вклучувајќи ги социјалните медиуми, видео монтажа и промотивни материјали.
Повеќе информации: INFOPACK
Партнер на проектот: CSV Brescia| Circolo ACLI Calvisano APS
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС +, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да се пријавите?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 31.03.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
