Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Pavia Calls Europe” во Италија.
Место: Павија, Италија
Датум: Почеток: септември 2025 (6 месеци)
Повеќе за проектот:
Во „Бабел“ активностите се подеднакво поделени помеѓу учењето и волонтирањето, следејќи го пристапот на учење преку практична работа. Волонтерите ќе ги пречекуваат луѓето во просторот за повторна, реупотреба, ќе помагаат во неговото организирање кога е потребно и ќе водат еколошки работилници за деца. Тие исто така ќе поддржуваат задачи во канцеларијата, ќе помагаат на европски проекти и локални иницијативи и ќе им помагаат на младите луѓе со домашните задачи и учењето.
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Партнер на проектот: PiGreco-SEMI di intercultura APS
Организација-домаќин: Babele ODV
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 13.07.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.