Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Green Faenza” во Италија.
Место: Фаенца, Италија
Датум: Почеток јуни/јули (6 месеци)
Повеќе за проектот:
Волонтерот ќе ја поддржи организацијата-домаќин и локалната заедница, помагајќи при разни локални фолклорни настани, промовирајќи ги европските можности за младите и негувајќи дух на солидарност и креативност.
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Организација-домаќин: RIone Verde APS
Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 13.04.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.