Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Schools: Stay Active Volunteer vol. 4” во Италија.
Место: Италија, Кампанија и Апулија
Датум: Почеток: септември 2025 година (9 месеци)
Повеќе за проектот:
Associazione InCo-Molfetta APS има различни волонтерски места за периодот 2025-26 година во рамките на проектот „Stay Active Volunteer vol. 4“ во регионите Јужна Италија, Кампанија и Апулија. Организациите домаќини се со седиште во градовите Трамонти, Молфета и Сан Вито деи Нормани.
- Liceo Classico-Scientifico: работна активност со ученици од 14-19 години —-> Инфопак
- Istituto Comprensivo “Battisti-Pascoli”: работна активност со ученици од 6-14 години —-> Инфопак
- Scuola “Riccardo Monterisi”: работа со ученици од 10-14 години —-> Инфопак
- Istituto Comprensivo “Manzoni-Poli”: работа со ученици од 6-14 години —-> Инфопак
- ITET school , работа со ученици од 14-19 години —-> Инфопак
- Istituto Comprensivo “S. Giovanni Bosco”: работа со ученици од 6-14 години —-> Инфопак
Организација-домаќин: Associazione InCo-Molfetta
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 06.04.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.