Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18 – 30 години) од Македонија за учество на краткорочниот (2 месеци) ЕСК проект “Volunteering in Nagyvázsony“ во Унгарија.
Место: Нагиважони, Унгарија
Датум: 01/07/2025 – 30/08/2025 или 01/09/2025 – 30/10/2025 (2 месеци)
За проектот:
Fekete Sereg е во потрага по волонтери кои би биле дел од нивната секојдневна работа во организацијата. Што можете да правите за време на проектот? Можностите се неограничени!
Може да работите во градинка или во музеј како помошник, да припремате содржини за социјалните медиуми, да организирате активности и работилници за младите луѓе во младинскиот центар и многу друго.
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Партнер на проектот: Fekete Sereg Nagyvázsony
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да се пријавите?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 20.06.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
