You are currently viewing Повик за волонтери во Франција!

Повик за волонтери во Франција!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) од Македонија за учество на краткорочен ЕСК-проект „Volunteering in France“ во Франција.

Место: различни локации во Франција
Период:
Можни датуми од сега до Септември (1 или 2 месеци)

Повеќе информации: 

  • Grand-Est (2 места)
    Период:
    почеток од сега до 5-ти Септември (1 или 2 месеци)
    Место: Фуде, Франција

Волонтерите активно ќе учествуваат во групниот живот, управување со куќата и организирање поддршка при пристигнување и заминување на 4 различни групи во центарот “Louise Scheppler”. Тие ќе помагаат во поддршка на на другите волонтери во разбирање на колективните правила и организирање на активности. Ќе ги организираат и оброците и ќе помагаат во интернационалните настани. Волонтерите ќе промовираат практики за животната средина, подигање свест и ќе фасилитираат работилници, игри и настани за инволвирање на локалната заедница и промоција на меѓународното волонтерство.

Инфопакот

  • REV (1 место)
    Период:
    почеток од сега до 30-ти Септември (1 или 2 месеци)
    Место: Ле Пон де Монвер, Франција

За времетраењето на проектот волонтерите ќе учествуваат во реновирање на градби, дневни работи и организација на културни настани, работилници и средби со разновидни групи. Тие ќе водат меѓународни работни кампови за млади луѓе, ќе се вклучат во грижа за градината и животните и промовирање на волонтерството и претставување на активностите на асоцијацијата на јавноста.

Инфопакот

  • Le Créneau (1 место)
    Период: почеток од сега до 30-ти Септември
    Место: Монкомбру ле Мин, Франција

За времетраењето на проектот волонтерот ќе креира групна динамика преку активности за добредојде и игри, разрешување на конфликти, ќе ја води групата за донесување одлуки за дневните задачи и менија, ќе управува со проектниот буџет и документи и ќе поттикнува контакти со локалното население преку организирање средби и планирање активности.

Инфопакот

 

Проектен партнер: Solidarités Jeunesses

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 10.07.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.