You are currently viewing Повик за волонтери во Хрватска!

Повик за волонтери во Хрватска!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 волонтери (18–30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „CCC – creativity, climate, culture“ во Хрватска.

Место: Грачац, Хрватска
Период: Почеток: февруари/март 2025 (10 месеци)

За проектот:

Волонтерите кои учествуваат во долгорочниот ЕСК-проект: “CCC – creativity, climate, culture” ќе стекнат практично искуство во развој на проекти. Активности вклучуваат пишување, аплицирање и имплементација на проекти и работилници, организирање еколошки расчистувања и настани за подигање на свеста и ангажман со повозрасни или ранливи групи.

Повеќе информацииИнфопакетот

Проектен партнер: Udruga Prospero

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето, храната и џепарлак.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 16.02.2025

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.