Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Volunteering in Aruba”.
Место: Оранјештад, Аруба
Датум: Започнува во октомври 2024 (6 месеци)
Повеќе за проектот:
1.ARUBADOET
– Помош при подготовка и спроведување на национална волонтерска акција во Аруба
Главна задача во проектот ќе биде помош во подготовката и спроведувањето на дводневна волонтерска акција низ целиот остров. Обезбедување поддршка на организации со проекти преку телефон, е-пошта и лично. Исто така, помагање преку веб-страница, маркетинг и канцелариска работа.
За повеќе информации: Инфопакот / Веб-страница
2. EU PROJECTS CEDE ARUBA
– Креирање дигитална содржина за промовирање на проектите од програмите „Еразмус+“ и „Европски солидарен корпус“ преку платформите на социјалните медиуми
Како волонтер за креирање содржина, учесниците ќе помогнат во создавањето и споделувањето содржини што промовираат и поддржуваат различни младински проекти. Активностите ќе вклучуваат подготовка на видеа, пишување објави, управување со мрежите на социјалните медиуми.
За повеќе информации: Инфопакот
3. ЕУ ПРОЕКТИ CEDE ARUBA
– Промовирање на проекти од програмите „Еразмус+“ и „Европски солидарен корпус“ меѓу локалната заедница
Учесниците ќе промовираат и поддржуваат различни младински проекти. Активностите вклучуваат организирање настани и работилници за промовирање на програмата „Еразмус+“, како и презентации во училишта и младински клубови.
За повеќе информации: Инфопакот
4. CENTRO FAMIA PIEDRA PLAT
– Волонтирање во центар на заедницата со програма за после училишна програма, спорт и уметнички активности за деца
Волонтерот ќе им помага на учениците со нивните домашни задачи, ќе организира активности за деца и млади во областа на спортот, музиката, уметноста и занаетчиството. Проектот вклучува работа со наставници, помагање во годишното собирање средства, како и можност за учество во обука на работното место.
За повеќе информации: Инфопакот
Организација-домаќин: CEDE Aruba
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 30.07.2024
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор