Волонтерски Центар Скопје бара 3 учесници од Македонија кои би сакале да учествуваат во едeн од 3 ЕСК проекти во Унгарија.
Место:
Хортобаги / Дебрецен, Унгарија
Датум:
1-в проект (краткорочен): 01.05. – 30.05.2020 (во Хортобаги) / 1 место
2-ри проект (краткорочен): 01.06. – 30.06.2020 (во Хортобаги) / 1 место
3-ти проект (долгорочен): 12 месеци почнувајќи од 01.03.2020 (во Дебрецен) / 1 место
За проектите:
Првиот и вториот проект: Волонтерите ќе работат во одморалиште на птици во националниот парк Хортобаги, вклучувајќи активности како одржување на паркот (сечење трева – огромна територија, сликање, боење на дрвени порти, огради, штандови за велосипеди, обновувајќи некои од просториите за рехибилитација, градење на патека за одење на паркот) и помагање на повредени птици (хранење, давање вода, чистење на кафезите, ослободување на обновени птици назад кон природата и сл.).
Третиот проект: Волонтерот ќе соработува со членовите на здружението при фотографирање, подготовка на кратки видеа, анимации за младински и културни активности. Волонтерот ќе биде вклучен во различни фази на работата во зависност од нивните интереси и вештини. Ќе биде обезбедена лична обука за да ги научи овие вештини. Исто така, волонтерот активно ќе учествува на обуките на курсевите за комуникација (градење на тимот, јавен говор, медиумска писменост, курсеви за фотографии и сл.).
Учесниците…
– мора да бидат 18-30 години
– зборуваат добро англиски јазик
– луѓето со помалку можности имаат приоритет
Проектот е финансирана од ЕРАЗМУС +, така, сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус + програмата (275 евра за Македонија). Ќе бидат обезбедени храна, сместување и џепарлак.
+++ За повеќе детали проверете ги линковите! +++
1-ви проект: https://europa.eu/youth/solidarity/placement/8555_en
2-ри проект: https://europa.eu/youth/solidarity/placement/18546_en
3-ти проект: https://europa.eu/youth/solidarity/placement/305_en
Аплицирајте сега! Испратете кратка биографија и мотивационо писмо (на англиски) со одговори на следните прашања: Кои сте вие? Колку години имате? Зошто сакате да учествувате на овој проект? Како може да придонесете на овој проект?
…до: vcs_contact@yahoo.com