Минатата година, „Живата библиотека“ организирана од страна на Волонтерскиот Центар Скопје привлече повеќе од 150 луѓе, кои дојдоа да се сретнат лице в лице со различни „книги“ (вегетаријанец, претприемач, Ром, муслиман, имигрант, волонтер, геј, активист за животински права, мајка со дете кое има аутизам) со цел да ги запознаат нив и нивните животни приказни. Оваа година, „Живата библиотека“ ќе се одржи на 27 ноември од 15:00 до 19:00 часот во градската библиотека „Браќа Миладиновски“ и во моментов сме во потрага по волонтери кои би сакале да ни помогнат со организацијата. Како волонтер ти ќе бидеш вклучен/а во подготовка на промотивен материјал, промовирање на настанот, а особено ќе бидеш вклучен/а на 27 ноември во самата организација. Што добиваш? Со волонтирање за „Живата библиотека“ ќе имаш можност да искусиш организарање на настан за борба против стереотипите и дискриминација, да се запознаеш со интересни „книги“, како и да работиш заедно со ЕВС волонтери кои доаѓаат од Словачка или Франција. Покрај ова, ти и другите волонтери ќе добиете потврда за вашето учество – сертификат. Што ми треба да бидам волонтер за „Живата бибилиотека“? Малку време (задачите ќе бидат усогласени со твојот распоред), желба за учество во настан кој е насочен во борбата против дискриминацијата и стереотипите, како и комуникациско ниво на англиски јазик. Сакам да учествувам… Во овој случај, ве молиме испратите ни е-маил на vcs_contact@yahoo.com со следните информации: име и презиме, телефонски број и е-маил адреса. Потоа ние ќе ве известиме. Исто така слободно контактирајте не доколку имате и некои прашања за самиот настан. Тимот на Волонтерски Центар Скопје