You are currently viewing Повик за волонтери во Полска!

Повик за волонтери во Полска!

  • Post published:

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект “ESC with STRIM” во Полска.

Место: Краков, Полска
Период:
октомври 2022 – јули 2023 година (9 месеци)

За проектот:
Волонтирај во една од 11-те организации домаќини во Краков!

Проектот ќе им овозможи на волонтерите активно да се вклучат во активностите на образовните институции во Краков, ослободувајќи ја нивната креативност и локална и граѓанска активност. Целта на проектот е да им обезбеди на европската младина можности да развијат знаења, вештини и ставови преку работата во Полските образовни институции вклучени во неформално и формално образование.

Повеќе информации:  ТУКА
Проект партнер: STRIM

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 06.09.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.