You are currently viewing Call for volunteer in Lithuania! 

Call for volunteer in Lithuania! 

Волонтерски Центар Скопје е во потрага по еден волонтер, 18 – 30 години, од Македонија за учество на ЕСК проектот „ SOS Family Strengthening Program “ во Литванија.

Место: Вилнус, Литванија.
Датум: Декември 2020 – Декември 2021 година  (една година )

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

Проектот е за активности од областа на неформалното образование поврзани со деца со посебни потреби, млади, работилници на различни теми и локални активности.

За повеќе информации: Infopack SOS

Партнер на проектот: SOS Children’s Village (ESTA Saltes)

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Enviroment matters“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 15.11.2020

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.