Волонтерски Центар Скопје бара Македонец/Македонка кој/а сака да учествува на ЕВС проект во Турција.
Место:
Чанаккале,Турција
Датум:
6 месеци почнувајќи од 15 февруари 2020
За проектот:
Младинската асоцијација Чанаккале Коза е активна, енергична младинска организација во Чанаккале, која се наоѓа во северо-западниот дел на Турција. Целната група на организацијата е особено социјално, економски загрозени млади луѓе на возраст меѓу 15-30 години. Главните работни области се културни, социјални, спортски активности и курсеви. Фокусот е ставен на работата на младинските политики и едукацијата за човекови права со младите луѓе преку организирање работилници, курсеви за обука и други социјални активности.
Учесниците…
– млади луѓе од 18 до 30 години
– способни да комуницираат на англиски јазик
– заинтересирани за младинска политика, уметност и култура и младински информации
– отворени, креативни, самоуверени и одговорни
– подготвени да работат со маргинализираната група на деца и млади
– подготвени да патуваат и да учествуваат во активности на отворено
– мотивирани да работат со маргинализирани групи (деца, инвалиди и млади)
– * дополнителни предности би биле: добри во користењето на Photoshop, Coreldraw, уредување на видео; добри во пливање; добри во дизајнирање на веб-страница
Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС + програмата. Сместување, џепарлак и храна ќе бидат обезбедени.
За повеќе детали проверете го Инфо-пакетот!
Аплицирај сега! Испратете биографија и мотивациско писмо (на англиски) со одговори на следното: Кои сте вие? Колку години имате? Зошто сакате да учествувате на овој проект? Како може да придонесете на овој проект?
…до: vcs_contact@yahoo.com