Волонтерскиот Центар Скопје бара волонтери од Македонија кои би сакаале да учествуваат во
ESC-проект во Турција
Место:
Анталија, Турција
Дата:
10.03.2020 – 04.12.2020
За проектот:
Lykia Scouting и Nature Sports Club Aassociation (LIDOSK) се изградени во 2010 година како
невладини младински организации кои развиваат интеркултурно учење, разбирање, активни
граѓани, волонтерство, спорт за активен живот и заштита на животната средина. LIDOSK се
стреми кон креирање и поддршка на кооперација во полето на младински активности во
Европа. Волонтерите ќе бидат вклучени во многу активности:
Поддршка на локалната заедници преку социјални проекти:
– Анагажираност во партнерските институции: градинки/ основно или средно
образование/ домови за стари (учење на англиски, организирање на работилници,
интеркултурни или спортски настани…) во времетраење од 2-3 дена/ или недела
– Иницијатива во социјални активности – организирање на настани, младински клубови,
јазични клубови, работилници, интеркултурни настани за локалната млада популација,
спортски активности
– Промоција на Еразмус + и ESC/ интернационални волонтерски можности
Волонтерите ќе работат и во канцелариите на организацијата:
– Помош при социјалните медиуми
– Креирање на визуелна документација, информативни материјали
Учествувајте во нашите Еразмус + проекти, тренинзи и кампови
Учесници:
– 18-30 години, македонски државјани
– Позитивни, слободно умни, мотивирани, со иницијатива
– Проактивни и креативни
– Културно и социјално чуствителни
– Способни за прилагодување на нови ситуации
– Интерес и основно познавање на дигиталниот свет (социјални медиуми, интернет
страни, интернет алатки, едитори на фотографии и видеа)
– Искуство со Еразмус + проекти или интерес за учење за нив
Проектот е покриен од ЕРАЗМУС +, и сите трошоци ќе бидат вратени согласно
ЕРАЗМУС+ регулативата. Парите за храна, џепарлак и смештај ќе бидат обезбедени.
За дополнителни детали погледнете го информациониот додаток!
Аплицираајте сега: испратете мотивационо писмо кое ги опфаќа следните прашања:
Кои сте? Колку сте стари? Зошто сакате да учествувате? Како можете да му помогнете
на проектот?
И испратете го вашето CV (на англиски) на: vcs_contact@yahoo.com