You are currently viewing ПОВИК ЗА ОБУКА ВО ЛЕТОНИЈА!

ПОВИК ЗА ОБУКА ВО ЛЕТОНИЈА!

Волонтерски Центар Скопје е во потрага по 6 учесника (возраст од 18-30 години) од Македонија кои сакаат да учествуваат на проектот “Youth with a voice”, и да ги совладаат основните техники на снимање подкаст и продукција.

Место: Рига, Летонија
Датум: 15–18.09.2022 година

За проектот:
Проектот има за цел да мотивира и обучи млади луѓе како да креираат подкаст на теми кои се интересни за млади и вклучува неколку подготвителни онлајн работилници и средби со тимовите од партнерските организации: Baltic Regional Fund од Летонија и Asociatia Erhangja Egyesulet од Романија. За времетраењето на проектот тимот треба да изготви серија од 6 подкаст емисии, на теми по избор, со помош на Медија тимот на Волонтерски Центар Скопје.

Завршната мобилност за размена на најдобри практики поврзани со завршување на снимањата ќе се случи во Рига, Летонија, во Септември 2022 година.

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликацијана англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англискијазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 15.12.2021 година

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.