Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (18+) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во Тренинг курс ”Critical thinking” во Бурдур, Турција.
Место: Бурдур, Турција
Датум: 25 Maj – 1 Јуни 2021 година
!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19
Детали за тренингот: На тренингот ќе имате можност да го развиете своето критичко размислување преку социјални, воннаставни и волонтерски активности заедно со млади луѓе од Европа и од локалната заедница. Целта на тренингот е зајакнување на вештините на учесниците и нивните компетенции, како и нивно поврзување со глобалните и локалните предизвици, како човекови права, одржлив развој, потрошувачка и сиромаштија.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: Vitality
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС+, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
- Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за ”Critical thinking”)
- Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
- Закачете го вашето CV на англиски јазик
- Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
-
- Кој сте вие?
- На која возраст сте?
- Зошто сакате да учествувате?
- Како може да придонесете за проектот?
Краен рок за аплицирање: 11.04.2020
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.