Волонтерски Центар Скопје бара 2-3 учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “OK not to be OK” во Словенија.
Место: Свишчаки, Словенија
Датум: 11.05 – 18.05.2025
За проектот:
Повелете на 6-дневна обука што се фокусира на личниот развој, менталната благосостојба и самозајакнувањето на младинските работници, истовремено поддржувајќи ги учесниците во процесите на зголемување на самосвеста и промовирање на автентичноста, критичкото размислување и способноста за подобро разбирање себеси и на другите.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: Zavod Voluntariat
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: info@zavod-voluntariat.si
Краен рок за аплицирање: 26.03.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.