You are currently viewing Повик за обуки во Франција и Португалија!

Повик за обуки во Франција и Португалија!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “F.E.V.E.R: Fostering Equality, Visibility and Empowerment for Rights” во Франција и Португалија.

Места: Бомот-Обертан, Франција | Португалија: Ќе биде објавено дополнително
Датуми: 24.11. – 29.11.2025 и 13.04. – 18.04.2026

За проектот:

Проектот „F.E.V.E.R“ се состои од 2 обуки:

  1. „Engaging Youth in GBV Prevention“ (24-29 ноември 2025 година, во Франција), за да се научи повеќе за динамиката на родово базирано насилство во меѓукултурни средини и да се експериментира со алатките за неформално образование за негово спречување
  2. „Tools For Change“ (13-18 април 2026 година, во Португалија), за да се евалуира наученото од првата обука и да се навлезе подлабоко во темите.
Учесниците треба да бидат достапни за учество во обете обуки (во Франција и Португалија) и помеѓу двете обуки и по нив, од учесниците се очекува да ги испробаат алатките и методите во нивните локални заедници и активности.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: Solidarités Jeunesses

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 14.09.2025

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.