You are currently viewing Повик за обука во Чешка!

Повик за обука во Чешка!

Волонтерски Центар Скопје бара 3 учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “Smart Tools: Integrating AI into Erasmus+ Projects” во Чешка.

Место: Моравец, Чешка
Датум: 06.09 – 13.09.2025

За проектот:
Оваа 8-дневна обука е дизајнирана за младински работници кои се запознаени со Еразмус+ програмата и сакаат да го истражат потенцијалот на алатките на вештачката интелигенција (ВИ) во младинската работа. Учесниците ќе стекнат практично искуство со апликации за ВИ и ќе развијат компетенции за да ги користат при дизајнирање, имплементирање и евалуација на младински размени и курсеви за обука. Обуката ќе поттикне етичко, креативно и стратешко размислување околу интеграцијата на ВИ, а воедно ќе се справи со предизвици како што се дигиталната писменост и инклузија.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: Brno For You, z.s.

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 24.07.2025

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.