CALL FOR NEW INITIATIVES

CALL FOR NEW INITIATIVES

ДАЛИ ИМАШ ИДЕЈА КОЈА ЌЕ ГО НАПРАВИ СВЕТОТ  ПОДОБАР?

Дали имаш од 15 до 29 години, ентузизајам, желба и волја да ја подобриш твојата заедница?

Поконкретно, дали имаш идеја или иницијатива која би спаѓала во некоја од овие области:

  • Образование и доживотно учење (човекот учи додека е жив)
  • Социјални и општествени теми (грижа за други)
  • Екологија и здрава околина (за поздрава животна средина)
  • Култура (и културно наследство)
  • Здравје и добросостојба (здраво тело, здрав дух)

Прати ни повеќе детали за идејата и за тоа како ќе го подобриш твојата заедница ТУКА најдоцна до 28 Февруари, и ние ќе те контактираме за повеќе детали.

Пет идеи со најголем потенцијален импакт ќе добијат:

  • обука која ќе допринесе за развој на твојот личен потенцијал и развој (од 11-20 Март во Скопје),
  • Адаптирано и персонализирано 8-месечно менторство со цел заеднички да постигнеме максимални резултати,
  • по 1.000 евра финансиска поддршка,
  • можност за вмрежување со истомисленици од Кипар, Данска, Шпанија и Романија (меѓу 11-20 Март и од 9-18 Октомври во Скопје),
  • поддршка од ВЦС за проектен менаџмент

Повеќе информации за проектот на www.roadmap4youthactivism.info

Посебно ги охрабруваме младите луѓе од помали градови, пријавете се и ајде заедно да бидеме активни граѓани.

Ве молиме препратете го овој повик до сите кои мислите дека би биле заинтересирани.

Ги очекуваме вашите пораки!

Тимот на ВЦС