Волонтерски Центар Скопје бара 10 млади луѓе (16-25 години) од Македонија кои би сакале да учествуваат на национална обука спроведена од врснички обучувачи за антидискриминација, толеранција и спречување на родово базирано насилство. Обуката се организира во рамките на проектот: „Акција за правата на девојчињата за еднаквост, мир и безбедност“ (Smart Balkans).
Датум: 23.06 – 30.06.2024 година
Место: хотел Амбасадор, Скопје
За проектот:
Избраните млади ќе учествуваат на две национални обуки заедно со млади од целата земја. Целта на првата обука е да се подигне свеста кај младите за антидискриминацијата, толеранцијата и родови прашањата, вклучително и спречување на родово базирано насилство. Втората обука е за врсничка едукација и нејзината цел е да ги зајакне нивните капацитети за водење и спроведување на обуки на нивните врсници. Учесниците ќе станат национални обучувачи – прво ќе ги стекнат знаењата и вештините, а потоа ќе ги практикуваат при спроведување на локални обуки во Македонија.
Учесниците – локално обучени активисти – ќе прават обуки и работилници на терен каде што ќе можат директно да допрат до младите луѓе на локално ниво, особено до девојките за да ги зајакнат и да го инспирираат развојот на локални иницијативи.
Што ќе добијат учесниците?
Учесниците ќе добијат компетенции за спречување на родово базирано насилство, антидискриминација и толеранција. Во исто време, ќе научат методи за водење и спроведување на обуки со користење на неформално образование. На крајот на обуките, учесниците ќе добијат два сертификати за учество и за здобиените компетенции.
За повеќе информации: Инфопакот
Технички детали:
Сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV во формуларот за апликацијата.
Краен рок за аплицирање: 9.06.2024
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.