Повик за македонски учесници на тренинг курс во Бања Лука

Потребни се учесници од Македонија кои би сакале да земат учество во тренинг курсот “Уметност за интеркултурен дијалог и вклучување млади “, кој ќе се одржи во Бања Лука, Босна и Херцеговина, од 17-27 Август 2012 година. Суштински дел од активностите ќе бидат практични работилници со користење на различни уметнички јазици, техники и алатки (стрипови и ленти, музички контаминација, видео продукции и комуникација) и со учество на финалниот настан на Криејтив август (26 август), на кој ќе се споделат со локалната заедница резултатите од работилниците (комуникациски и видео производи, музички изведби и изложба на стрипови уметнички дела). Обуката ќе биде организирана со поддршка на програмата Млади во Акција на тој начиншто сместувањето, оброците и 70 проценти од патните трошоци ќе бидат целосно покриени од страна на хостинг организацијата на проектот. Ако сте заинтересирани да земете учество ве молиме контактирајте не на vcs_contact@yahoo.com за повеќе информации.