Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-30 години) и лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Gamechangers: Games for inclusive societies“ во Словачка.
Место: Нитра, Словачка
Датум: 6.02. – 13.02.2026
За проектот:
Целта на овој проект е да ги вклучи младите луѓе во истражувањето и промовирањето на вредностите на инклузија, еднаквост и социјална кохезија. Учесниците ќе користат дигитални алатки и техники на гејмификација за да го продлабочат своето разбирање за инклузивните општества и да развијат практични решенија за промовирање на инклузијата.
За повеќе информации: Инфопакот
Партнер на проектот: SIEDAS
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци до 309 евра ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 30.12.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
