You are currently viewing Повик за младинска размена во Романија!

Повик за младинска размена во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (16-25 години) и лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „I want my tears back“ во Романија.

Место: Сарата Монтеору, Бузау, Романија
Датум: 22.10. – 1.11.2025

За проектот:
Целта на проектот е да се зголеми свеста кај младите за проблемите создадени од дискриминација врз малцинствата.
Пред почетокот на проектот, учесниците ќе направат мала домашна задача: ќе истражат како се третираат малцинствата во нивната земја/регион и ќе подготват забавни идеи за игри, „енерџајзери“ и активности што можат да се користат на работилници или во слободното време.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: Oden Asociatia

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци до 309 евра ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Се плаќа 5 € за учество.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 24.09.2025

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.