Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-30 години) и лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „C.O.O.K: Cultivating Opportunities, Opening Knowledge“ во Германија.
Место: Гарлштет (блиску Бремен), Германија
Датум: 01.12 – 10.12.2025
За проектот:
C.O.O.K (Негување можности, отворање на знаење) е младинска размена за млади луѓе на возраст од 18 до 30 години кои се страствени за интеркултурно образование и градење на заедницата. Спојувајќи ја уметноста на готвењето со моќта на раскажувањето приказни, „C.O.O.K“ создава динамичен простор каде што учесници од различно потекло се вклучуваат во искуствено учење и автентичен дијалог.
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Партнер на проектот: NaturKultur
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 10.09.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
