You are currently viewing Повик за младинска размена во Франција!

Повик за младинска размена во Франција!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (13-30 години) и лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Youth On Air“ во Франција.

Место: Бомонтоа-ан-Перигор, Франција
Датум: 15.07 – 02.08.2024

За проектот:
Оваа младинска размена го користи радиото како средство за меѓукултурни средби и споделувања, овозможувајќи им на учесниците да се фокусираат на значењето на прашањата, а не на изгледот и сликата!

Во текот на 3 недели, учесниците ќе имаат можност да креираат подкасти кои ќе се емитуваат во Франција и во странство и да го откријат културниот контекст на земјите учеснички (култура, традиции, приказни, рецепти, …).

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: Sem&Vol

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 12.06.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.