You are currently viewing Повик за младинска размена во Чешка!

Повик за младинска размена во Чешка!

Волонтерски Центар Скопје бара 7 учесници (18-26 години) и 1 лидер на група (18+ години) од Македонија кои сакаат да учествуваат на младинската размена „EUth: Understanding Media“ во Чешка. Еден од учесниците и лидерот на тимот ќе учествуваат и на подготвителната посета (13-16.02.2026 година).

Место: Дештне в Орлицких хорах, Чешка
Датум: 23.03-31.03.2026 (подготвителна посета 13.02-16.02.2026)

За проектот:
EUth: Understanding Media има за цел да им помогне на младите луѓе да развијат важни вештини за медиумска писменост, за да можат критички да размислуваат за медиумите, да препознаваат дезинформации и генерално да разбираат како функционираат медиумите.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: Mladoevropani

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци до 309 евра ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 17.01.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.