You are currently viewing Повик за волонтери во Италија!

Повик за волонтери во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Youth International” во Италија.

Место: Фаенца, Италија
Датум: Почеток: септември 2024 (6 месеци)

Повеќе за проектот:

Волонтерите ќе ја поддржат организацијата домаќин и локалната заедница со помош во едукативните проекти (училишни работилници, по училиште или курсеви за барање азил), работилници по комуникација, активности во/со Младинскиот информативен центар, промоција на Еразмус+ или локални настани.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ 

Организација-домаќин: PiGreco-SEMI di intercultura APS

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 16.06.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.