Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов: “Open Horizons – Encouraging youth to explore the world through language and cultural experiences” во Словачка.
Место: Чадца, Словачка
Датум: септември 2025 – август 2026 (12 месеци)
Повеќе за проектот:
Задачите на волонтерите ќе бидат разновидни, од организирање курсеви по англиски јазик за деца, млади и возрасни, до канцелариска работа во KERIC. Исто така, има простор волонтерите да ги развијат своите идеи за организирање работилници и спортски или креативни активности.
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Организација-домаќин: KERIC
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 2.07.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.